STEP 4 – Хидратација која навистина прави разлика
Ако кожата ти често „жедна“ и изгледа уморно, време е за последниот чекор во твојата skincare рутина! Step 4 – хидратантен крем со хидрогел формула, создаден за нормална до сува кожа.
Овој крем не ги затнува порите, не ја мрси кожата, туку едноставно ти дава токму тоа што ти треба – чиста, длабока хидратација и чувство на смиреност.
Длабоко и долготрајно хидрира
Го смирува црвенилото и непријатноста
Ја прави кожата мазна, мека и еластична
Ја намалува видливоста на порите
Ја штити кожата од надворешни влијанија и сушење
Толку лесен што нема ни да го почувствуваш. Толку ефикасен што нема да го заборавиш.
По нанесување на серум (Step 3), земи мала количина од кремот и распредели со лесни движења. Користи го наутро и/или навечер. Готово! Кожата ти е хидрирана, сјајна и подготвена за сè.
Сите тинејџери со нормална, сува или дехидрирана кожа кои сакаат да изгледаат fresh, без напор и без тешки кремови.
Последниот чекор кон #SkinGoals започнува тука.
Трехалоза – хидрира и ја задржува водата во кожата како невидлив сунѓер
Бетаин – добиен од шеќерна репка, хидрира и смирува иритации
Глуконолактон (PHA) – ја прави кожата мазна, ги стеснува порите и ја обновува заштитната бариера
Хијалуронска киселина – создава лесен заштитен филм што не дозволува влагата да испари
Млечна киселина – идеална за кожа склона кон акни, го одржува балансот и хидрира
Екстракт од центела азијатика – смирува, измазнува и ја прочистува кожата
Оризови амилопектини + корални алги – обезбедуваат моментален комфор и заштита од надворешниот свет
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.