Промоција
-20 %
Алое Вера  SPF 30 UVA | UVB | PA+++ хидратантна крема 90 ml

Алое Вера SPF 30 UVA | UVB | PA+++ хидратантна крема 90 ml

1.300 ден 1.040 ден

Залиха:
 
Краток опис + -

Алое Вера хидратантен и смирувачки лосион за тело, раце и лице со SPF 30 е производ кој има лесна, а сепак хранлива формула, обезбедува висока заштита од UVA и UVB зрачење и други фактори од околината кои го забрзуваат процесот на стареење.

Опис + -

Заштита и антиоксиданс

Линијата е создадена за секојдневна заштита на кожата од негативните ефекти на UV зрачњето и слободните радикали. Благодарение на употребата на иновативна состојка која ја лади кожата на клеточно ниво, таа исто така го инхибира таканареченото термичко стареење предизвикано од високи температури.

Формулата овозможува да ги сочувате младешките црти подолго време – затегнатост, мазност и здрав тен на кожата.


Основни придобивки:

  • Заштита од појава и продлабочување на постоечките пигментни дамки предизвикани од UV зрачење
  • Долготрајна хидратација на кожата
  • Смирување на иритации и црвенило
  • Омекнување и измазнување
  • Подобрување на цврстината и еластичноста на кожата

Состав + -

Хидратантен и смирувачки лосион за тело, раце и лице SPF 30 Алое Вера
 

  • Усовршени UV филтри – внимателно избран комплекс од фотостабилни филтри, обезбедува висока заштита на кожата од UVA и UVB зрачење

  • Albatrellus confluens – иновативна состојка од природен екстракт од фински печурки. Процесот на ферментација создава соединение кое делува на термалниот рецептор во кожата и ја намалува температурата на клеточно ниво во просек за 2,63°C. Благодарение на тоа ефективно го намалува разградувањето на колагенот и го инхибира термичкото стареење

  • Сок од листови на алое – смирува иритации, обезбедувајќи моментално олеснување и долготраен комфор за хронично сува кожа

  • Екстракт од центела азијатика – го стимулира производството на колаген, еластин и хијалуронска киселина, има регенеративни и антиоксидантни својства, зајакнувајќи ги антистареачките ефекти на лосионот

  • Сквалан, масло од ши и малиново масло – ја зајакнуваат липидната бариера на епидермисот и истовремено не ја оптоваруваат кожата